Белорусите се словенски народ кој припаѓа на источнословенската група на народи и јазици. Вкупно Белоруси во светот има околу 10 000 000. Претежно живеат во Белорусија (каде сочинуваат 83.7% од населението односно 7 957 252 луѓе), а се населени и во околните поранешни советски републики. Од нив најмногу во Русија (521 443 луѓе) и Украина (275 763 луѓе).
Белорусите говорат на белоруски јазик и се главно православни христијани.